Асоцијацијата e-commerce и Visa објавија втор јавен повик за доделување 1.000 евра и учество во програма за отворање е-продавница. Иницијативата „Е-трговија: Супермоќ за локалните бизниси vol. 2” има за цел да поддржи 20 микро, мали и средни компании кои сѐ уште не продаваат онлајн да започнат и бесплатно да отворат своја е-продавница во рамки на постоечки маркетплејс платформи или со софтверско решение, како и да ги едуцира за како правилно да продаваат онлајн по отворање на е-продавницата.
Целта на повикот е микро, мали и средни компании да добијат можност да отворат дополнителен продажен канал – е-продавница во рамки на локален маркетплејс или своја е-продавница со сопствено софтверско решение, да ги унапредат процесите во своето работење и да се во тек со последните трендови во е-трговијата, преку зајакнување на нивните дигитални вештини поврзани со е-трговија и дигитален маркетинг, со што ќе им се помогне да ја зголемат својата видливост и онлајн продажби.
Ќе бидат селектирани 20 компании, кои ќе добијат вредносен пакет од 1.000 евра, што ќе биде исплатен директно на одбраните маркетплејс платформи или на IT компаниите за отворање е-продавницата, техничка поддршка, маркетинг активности итн.
Со овој повик, Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – AETM се вклучува во напорите за зајакнување на конкурентноста на микро, малите и средни компани и нивно мотивирање за подобрување и унапредување на нивното работење поврзано со е-трговија.
Повеќе информации на http://ecommerce.mk/visa-2024/