Кога се планира летниот одмор, треба да се мисли и на патувањето. Ако патувате со авион, внимавајте на тежината на куферите за да не бидете непријатно изненадени пред поаѓање.
Тежината на куферите е едно од најважните правила при патување со авион. Секоја авиокомпанија има свои специфични правила, но дозволената тежина главно се движи од 20-23 килограми за куфери што ги предавате при чекирање и од 7 до 10 килограми за рачен багаж. Ако ја надминете оваа тежина ќе се соочите со дополнителни трошоци, кои зависат од компанија до компанија и може да бидат многу високи ако патувате на далечна дестинација.
Исто така, багажот што сте го најавиле или купиле при онлајн чекирање или при купување на билетот, на аеродром може да го зголемите со доплата.
Кај нискобуџетните авиокомпании, до билетот добивате бесплатен багаж со димензии 40х30х20, кој мора да го собере под седиштето, а се останато се доплаќа.
Надоместокот за куфер до 10 кг. зависи од сезоната. Вон сезона, кога не е Велигден, Божиќ или летни одмори, цените се движат од 8,5 до 56,5 евра, додека во сезона се повисоки и изнесуваат од 14 до 65 евра. Куфер до 20 кг. чини 13 евра вон сезона, односно 20,5 евра во сезона. Овие цени растат со зголемување на далечината на дестинацијата. За најголемиот куфер од 32 кг. се доплаќа од минимум 25,5 евра вон сезона, до 37 евра во сезона.
Доколку купувате багаж на аеродром, цените се движат од 60 евра за мал до 120 евра за голем куфер. Но, доколку погрешно сте ја процениле тежината, за секој килограм над дозволената се плаќа по 13 евра.
Ако патувате со Луфтханза, количината на багажот вклучен во цената на билетот зависи од класата на патувањето. Трошоците за дополнителен багаж се пресметуваат според парчињата багаж, а не по килограми вишок. Тие зависат од класата на патувањето, траењето на летот и од дестинацијата. За некои домашни летови почнуваат од 15 евра, а меѓународната такса изнесува 90 евра. Ќе ви бидат наплатени паушални надоместоци за дополнителниот багаж и која било спортска опрема што го надминува дозволениот бесплатен багаж.
Едно од најчестите прашања е дали е дозволено да се внесе течност во авионит? ДА – но мора да биде спакувана во пластична проѕирна кеса (20х20) и може да се внесат максимум 100 мл. по пакување.