Вечерва по полноќ за 1,50 денари ќе се намали цената на безнинот за литар, а за половина денар ќе поевтинат дизел горивото и нафтата за домаќинствата. Се намалува и цената на мазутот.
Регулаторната комисија за енергетика ги соопшти новите цени кои ќе важат по полноќ, со напомена дека се тоа максимални цени.
Моторен бензин Еуросупер БС-95 – 84,50 денари/литар
Моторен бензин Еуросупер БС-98 – 86,50 денари/литар
Дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V) – 74,00 денари/литар
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 73,50 денари/литар
Мазут М-1 НС – 44,007 денари/килограм
Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.