Заврши јавниот повик на АЕТМ и Visa за бесплатна е-продавница

89 компании влегуваат во фазата на селекција каде стручна жири комисија според унапред утврдени критериуми ќе ги одбере 20-те компании кои ќе имаат можност да отворат сопствена е-продавница на некоја од локалните маркетплејс платформи или да создадат е-продавница со соптвено софтверско решение, да ја промовираат е-продавницата, да учестуваат на еднодневен едукативен семинар и да добијат сертификат за завршена обука.

Со тоа заврши јавниот повик „Е-трговија: Супермоќ за локалните бизниси vol. 2″, кој се реализира со поддршка на компанијата VISA.