Со оглед на цените на криптовалутите и искуството на поефинци кои заработиле многу со нив, на многу овој начин на инвестирање им се чини едноставен и брз за голема заработка. Затоа не изненадува што оваа можност ја виделе и измамниците, кои почнаа да се јавуваат на граѓани во земјите во регионот од лажни мобилни и фиксни национални броеви со цел да ги наговорат на различни вложувања (акции, криптовалути, злато…).
Граѓаните што ја прифаќаат понудата влегуваат во спирала од која не можат да излезат како победници.
Имено, после некое време измамниците ги известуваат за одредена заработка што сакаат да им ја исплатат. Иско износите што ги кажуваат звучат неверојатно, целта не им е да им ги дадат парите на граѓаните, туку да ја стекнат нивната доверба и да им украдат уште повеќе пари.
Системот е многу едноставен. Измамниците од граѓаните бараат податоци за банкарски сметки, мобилно банкарство или инсталација на програми на нивните компјутери и мобилни телефони со помош на кои ќе имаат контрола над нив. Станува збор за програми како што се AnyDesk, Team Viewer, Supremo Mobile Assistant и други.
Еднаш инсталирана, оваа програма отбора врата за пристап не само до уредите на кои е инсталирана, туку и до сите податоци што се наоѓаат на него.
За да избегнете ваква измама, во никој случај и на никого не треба да му давате податоци за својата банкарска картичка, како ни број на токен или код генериран од токен.