Искористете шанса да орочите пари во банка пред да паднат каматните стапки

Намалувањето на основните каматни стапки во јуни станува се поизвесно. Кога ќе се случи, ќе почнат да паѓаат и каматите на штедните депозити во банките.

Затоа, доколку имате вишок парични средства и се мислите дали да ги орочите во банка, имате уште малку време да ги фатите актуелните повисоки фиксни каматни стапки. Се разбира, поголеми поволности ќе имате ако орочите на подолг период и ако имате поголем износ.

За да ви помогнеме за да направите најдобар избор, ви даваме преглед на актуелните каматни стапки за штедење во банките во земјава.

Халк банка ви нуди депозити во денари со каматна стапка од 0,03% до 3,95% и во евра од 0,01% до 3,1%.

ТТК банка ги нуди следните каматни стапки – од 0,05% до 4,1% за денари и од 0,01% до 3,1% во евра.

Во Стопанска банка Скопје за евра изнесуваат од 0,01% до 3,5%, а за евра од 0,01% до 2,7%.

Шпаркасе банка во понудата има камати од 0,01% до 3,8% за штедење во денари и од 0,01% до 2,8% за штедење во евра.

Прокредит банка нуди камати до 3,3% за штедење во денари и до 2,3% за штедење во евра.

Во Комерцијална банка за евра се движат од 0,01% до 1,30%, а за денари од 0,02% до 2,30%.

Во Силк роуд банка изнесуваат од 0,02% до 2,9% за денарски депозити и од 0,01% до 2,5% за депозити во евра.

Капитал банка овозможува штедење во денари со каматна стапка од 0,6% до 4% и во евра од 1% до 3%.

НЛБ банка нуди фиксни камати за штедење во денари од 0,01% до 2,55%, а за во евра од 0,01% до 1,20%.

Во Стопанска банка Битола каматните стапки се движат од 0,8% до 1,6% за денарски депозити и од 0,02% до 2% за депозити во евра.

Централна кооперативна банка во понудата на депозитите ги има каматните стапки од 0,02% до 3,3% за денарски депозити и од 0,02% до 2,6% за депозитите во евра.