Halk EZ пакет за млади со низа бесплатни банкарски услуги

Halk EZ е новиот банкарски пакет на Халкбанк за млади на возраст од 16 до 24 години, кој ќе понуди беспплатно мобилно и електронско банкарство, Visa бесконтактна картичка со која може да се повлекува готовина без надомест на сите банкомати во земјата и во странство, платежна сметка без трошоци за водење на истата и низа услуги како GarminPay, SmartSend, SmartCash.
Создаден е за да одговара на секојдневните потреби на сите млади луѓе, студенти, средношколци, млади претприемачи кои водат брз и динамичен живот и ги користат дигиталните технологии.

Младите знаат што сакаат и токму затоа ние го креиравме Halk EZ, пакет кој е прилагоден на нивниот стил и навики на живот. Идејата е Halk EZ да прерасне во платформа која ќе овозможи сосема поинакво, брзо и лесно банкарско искуство. Дополнително, како дел од оваа иницијатива, Халкбанк ќе поддржува и поттикнува финансиска едукација на младите, културно – забавни настани и активности, како и корисни општествено – одговорни практики, пред сè во делот на заштита на животната средина“, вели Маја Наумовска Савеска, директор на корпоративни и маркетинг комуникации во Халкбанк АД Скопје.

Со новиот брендинг ќе бидат креирани и Visa Halk EZ картички, кои во наредните месеци ќе ги добијат сите корисници на пакетот.