Како да искористиш личен кредит за стартување бизнис?

Може ли да користиш личен кредит за да стартуваш свој бизнис? Многумина си го поставуваат ова прашање кога имаат одлична идеја за бизнис, добра финансиска конструкција, но им требаат пари за конечно да започнат.

Како што кажува и самиот назив, личниот кредит го зема физичко лице за покривање на лични трошоци. Деловен кредит се издава на фирма за бизнис потреби.

Но, добивањето на деловен кредит може да биде тешко. Пред се, мора бизнисот формално да го регистрираш како фирма. Мора да имаш добра кредитна историја, да работиш минимум шест месеци или повеќе, да имаш биланс на состојба и да понудиш колатерал за кредитот.

Ако имаш добра кредитна историја како физичко лице, личен кредит може полесно да се обезбеди. Дали може да користиш личен кредит за твојот бизнис? Да. Како и секогаш, треба внимателно да ги прочиташ условите на кредитот за да видиш што е дозволено, а што не. Некои лични кредити дозволуваат комерцијална употреба, но некои не. Ако позајмените пари ги користиш за друго нешто од договореното со банката, може да се соочиш со проблеми. Банката може да побара да го отплатиш веднаш целиот кредит со каматата.

Кој исполнува услови за личен кредит?

Првиот чекор е да се увериш дека си квалификуван за личен кредит. Мора да имаш добра кредитна историја. Не потпаѓај под влијанието на лесно достапните кредити. Тие најчесто имаат многу висока камата.

Треба да докажеш во банка дека имаш редовен приход и можеш да го отплаќаш кредитот. Ова може да биде проблем ако напуштиш работа за да започнеш бизнис.

Предности и недостатоци

Личниот кредит за стартување на твојот бизнис може да биде добра опција ако имаш добар кредитен резултат. Ќе добиеш брз и лесен пристап до пари и добра камата.

Секако треба да знаеш дека постојат и одредени ризици – ако бизнисот не успее, кредитот сепак мора да се враќа.

За повеќе корисни информации и за да ти помогнеме да го најдеш вистинското решение може да не контактираш на tvoipariinfo@gmail.com.