ЈК Травел го најавува својот 18-ти роденден и во чест на истиот организира голем Giveaway за сите лојални клиенти.
“Гордо одбележувајќи го 18-тиот роденден, се одлучивме кампањата да ја започнеме со кампања за донација во СОС Детско Село, придржувајќи се кон нашите темелни принципи за фер и коректна туристичка агенција, која одвојува од своите приходи за општествена одговорност. Но, немаше да го прославуваме 18-от роденден без нашите лојални клиенти кои изминатите 18 години ни ја даваа својата доверба, и токму поради тоа, 18 наши редовни клиенти по случаен избор ќе бидат добитници на летување во Грција во следните девет недели.“
Како да учествувате во големиот Giveaway на ЈК Травел?
Посетете ги профилите на социјалните мрежи на Facebook и Instagram на ЈК Травел. Споделете ја објавата за Giveaway-от со #JKTravel18Years, а доколку сте биле на патување со ЈК Травел, слободно можете да споделите и фотографии.
Секако, тагирајте ја личноста со која би сакале да заминете на едно од 18-те летувања во Грција.
По двајца добитници ќе се извлекуваат секој вторник во 12.00 часот во следните девет недели со извлекување во живо на нашиот Facebook профил.