Дури 61% од измамите со картички минатата година се случиле преку купување на интернет. Истражувањето на дигиталната банка Revolut покажува дека 40% од вкупниот износ на украдени пари се случил на платформите на компанијата Мета – Facebook, Instagram, WhatsApp i Messenger.
Најчестите измами при онлајн купување си тие кога корисникот сугестивно се наведува да купи производи кои Како да се спасите од измами при онлајн купување? не постојат или не се такви како прикажаните во огласот. Исто така, чести се и инвестициските измами кога на купувачот му се ветува можност за “брза заработка” со претходно вложување на значителна сума пари.
Седум совети за сите кои купуваат
Бидете внимателни и следете ги овие совети:
1. На Facebook купувајте од проверени извори. Секогаш видете ги рецензиите и оцените на продавачот, но пред купување, а не потоа.
2. Не оставајте свои лични податоци – име, презиме, адреса, број на лична карта, матичен број или број на банкарска картичка.
3. Не наседнувајте на убави фотографии и ниски цени. Распрашајте се за трошоците за достава и враќање на производот, како и за начините за рекламација.
4. Барајте од доставувачот да ви дозволи да го прегледате пакетот пред плаќање. Ако не ви дозволи, не го преземајте.
5. Не преземајте пакети што не сте ги нарачале бидејќи има полно измами и на тој начин.
6. Не купувајте лекови, додатоци на исхраната и медицински помагала преку социјални мрежи бидејќи многу ќе ги платите, а најчесто се безвредни.
7.Кога е во прашање онлајн купувањето преку веб страници, не плаќајте однапред и проверете ја страницата преку која купувате.
Како да препознаете лажни онлајн продавници
Посветете внимание на следните обележја:
- често користат име и визуелен идентитет на познати модни брендови
- доменот на веб продавницата се разликува од изворниот домен на брендот (пр. brand.com → brend.xyz)
- со името на брендот често имаат додаток“Македонија”, “outlet”, “попуст”, “акција” и сл.
- делови од страницата се на различни јазици
- се појавува текст во кој секој збор е со голема почетна буква
- се појавуваат граматички грешки
- нема податоци за компанијата и контакт број
- не е можно плаќање при преземање
контактот е достапен само преку форма за праќање електронска пошта - корисникот не може да купува како гостин, туку е задолжителна регистрацијата
- сите артикли се на попуст или имаат необично ниски цени