Од Mastercard најавуваат дека од 2030 година ќе воведат големи новетите за корисниците. Од европските корисници нема да се бара рачно да ги внесуваат броевите на своите картички при вршење онлајн трансакции.
Mastercard најавува и дека сите картички што ги издава на својата мрежа во Европа ќе бидат „токенизирани“. Наместо бројот на картичката кој содржи 16 бројки, а кој се користи за трансакции, ќе се воведе генериран токен.
Компанијата веќе работи со банките, финансиските институции, трговците и другите партнери на постепено укинување на рачното внесување картичка за е-трговија до 2030 година. Наместо тоа ќе се воведе опција со еден клик, што треба да ја заштити картичката од обиди за злоупотреба, наведуваат од Mastercard.
Корисниците нема да мораат да внесуваат лозинка секој пат кога ќе посакаат да платат нешто онлајн бидејќи технолошката компанија воведува пристапни клучеви кои ќе ги заменат лозинките.
Mastercard исто така најавува дека ќе им овозможи на купувачите да вршат трансакции со еден клик на благајна користејќи биометриска автентификација со отисок на прст.
Од Mastercard велат дека „токенизацијата“ би требало драстично да го намали бројот на измами.