Која банка нуди најдобра камата за штедење во евра?

Каматните стапки на депозитите во банка се уште се доволно високи за да обезбедат добри приноси. За штедење во евра достигнуваат и над 2% за период на орочување од 12 или 13 месеци.

За да ви помогнеме да направите добра заштеда, ги проверивме актуелните каматни стапки на орочени депозити во банките во земјава за период од една година.
Во моментот, највисока каматна стапка за штедење нуди Шпаркасе банка и таа изнесува 2,3% за 12 месеци.

Следува Прокредит банка со камата од 2,5% за орочување на една година.

Халк банка нуди каматни стапки од 2% за online депозитот од 12 месеци и 2,5% за орочување на 13 месеци.

Каматната стапка за орочено штедење на Капитал банка изнесува 1,5% за 12 месеци и 3% за 15 месеци. Силк роуд банка, пак, овозможува штедење во евра со промотивна камата од 1,80%, додека редовната изнесува 0,40%.
Каматите на Стопанска банка Битола изнесуваат 1,3% за 12 месеци и 1,4% за 13 месеци.

Под 1% се каматните стапки што ги нудат другите банки. ТТК банка има камата од 0,65% за орочено штедење во евра на 12 месеци. НЛБ банка нуди 0,45% за Виолетовиот депозит и 0,30% за Депозит класик.
Стопанска банка Скопје нуди 0,40% за штедење на 12 месеци и 0,50% на 13 месеци. Комерцијална банка и ЦКБ банка имаат каматни стапки од 0,40%.

За дополнителни информации и корисни совети за вашите заштеди може да не контактирате на tvoipariinfo@gmail.com.