Шпаркасе банка и VISA со наградна игра – Влези во игра и патувај за Берлин или Амстердам!

Шпаркасе Банка и VISA ја стартуваат наградната игра – „Ich Liebe Dich, Berlin!“ и „AmsterDAMN!“ за сите корисници на Vibe on пакетот за млади.

Наградната игра е наменета за сите физички лица со навршени 18 години, кои се корисници на платежна картичка Visa и пакет за млади Vibe On. За секоја поединечна трансакција во износ поголем или еднаков на 500 МКД добиваат шанса за учество во наградната игра. Колку повеќе трансакции во износ поголем или еднаков на 500 МКД, повеќе шанси за добивка. Наградната игра ќе трае до 15.8.2024 година.

Извлекувањето на наградите ќе биде на 27.8.2024 година каде што ќе се извлекуваат 5 добитници со по 2 ваучера за патување во Берлин и уште 5 добитници со по 2 ваучера за патување во Амстердам, односно еден ваучер за среќниот добитник и уште еден за неговиот придружник.