Халкбанк започна со промотивен период за аплицирање за кредитните платежни картички Visa Vita или Mastercard Credit Contactless, во кој ги нуди со каматна стапка од 6,6%.
Во периодот од 1 мај 2024 до 31 декември, сите нови Visa Vita или Mastercard Credit Contactless кредитни платежни картички се со промотивна каматна стапка од 6,6%. Поволностите на промотивниот период во однос на каматната стапка може да ги користат клиентите кои се приматели на плата во Халкбанк АД Скопје.
Visa Vita и Mastercard Credit Contactless кредитните картички немаат ограничување на лимитот во бројот на плати и даваат можност за користење и пристап до средствата од вашиот револвинг кредитен лимит 24/7. Картичките се одликуваат со плаќање на минимален долг од 5% и плаќање до 60 рати без камата кај над 800 партнери на банката.
Најголемите предности на Visa Vita и Mastercard Credit Contactless се: можноста за повлекување готовина без провизија последните седум денови од секој месец од банкоматите на Халкбанк АД Скопје и добивање на 10% пониски цени при купување на полиси за доброволно осигурување од Халк Осигурување.
При плаќање со кредитните картички на Халкбанк на ПОС терминали на Халкбанк, добивате можност да собирате и бонус поени во пре-дефинирани периоди на различни типови продажни места – објавени од страна на Банката. Собраните поени може да се искористат при идни плаќања во мрежата на Пос терминали од Халкбанк, при што 1 бонус поен е еднаков на 1 денар.
Во текот на промотивниот период првите 1.000 апликации за овие картички поднесени во филијала добиваат 1.000 бонус поени, додека пак првите 500 апликации преку е-банкинг добиваат 2.000 бонус поени.
Картичките се меѓународни, поддржуваат интернет плаќања без провизија за трансакции на домашни и странски интернет страни и за истите добивате мејл известување за секоја направена трансакција.
Покрај тоа, ги поседуваат највисоките стандарди за безбедност во интернет плаќањата (3D Secure – Verified by Visa – VbV и MC Secure Code).
Постои можност за online аплицирање за картичките преку Електронско банкарство или Мобилната апликација.