На одмор никој не сака нервози и проблеми. Но, понекогаш тие се случуваат. Ако причината за нив е украдена или изгубена дебитна или кредитна картичка, што треба да направите прво?
Веднаш побарајте каде сте го запишале бројот што стои на задната страна од картичката, а кој е 24/7 контакт со банката. Јавете се на тој број и блокирајте ја картичката во истиот момент.
Корисно е и преку мобилното банкарство да ги сведете на нула сите лимити на картичката.
Доколку ПИН-от не се носи заедно со картичката, таа не може да биде злоупотребена на банкомат. Евентуална злоупотреба е можна на ПОС терминал само за трансакции за кои не е потребен ПИН, односно за бесконтактни плаќања до одреден износ.
Многу е важно да знаете и дека за Mastercard картичките имате нулта одговорност. Но, само ако веднаш пријавите изгубена или украдена картичка. Во тој случај банката нема да ве смета за одговорен за идните трансакции.
Сепак, за да имате убав и мирен одмор, картичката носете ја со себе на сигурно мрсто, не ја позајмувајте на други лица и на ја губете од вид при плаќање, бројот на картичката, заедно со датумот на важност никогаш не го праќајте по пишан пат или преку слика. ПИН-от не треба на никого да го кажувате и никогаш не го носете заедно со картичката. Меморирајте го некаде бројот од корисничкиот сервис на банката. Користете СМС известувања од банката за секоја трансакција.