Бонус од 7 отсто со American Express картичката на бензинските на Окта

Летната кампања „Твој бонус“ на Силк Роуд Банка и ОКТА, годинава со зголемен поврат на средства за корисниците на American Express картичките. Во текот на јули, август и септември, со секоја транскација на бензинските станици ОКТА, корисниците на Amex ќе добијат гарантиран поврат на средства од 7%.

Максималниот месечен износ за кој важи овој бонус е до 6.000 денари по картичка. На месечните трансакции кои ќе го надминат овој износ, имателите на картички ќе добијат редовен месечен бонус од 2.5%.

Ова е можност само за клиентите на Силк Роуд Банка, која всушност е единствена банка во Република Северна Македонија која ја има лиценцата за картичките American Express. Потрошувачите може да избираат од понудата на две кредитни и една дебитна картичка кои што нудат висококвалитетна, персонализирана услуга насекаде низ светот, престиж и ексклузивни придобивки што одговараат на Вашиот стил на живот.

Дополнителни информации за картичката, може да добиете во сите експозитури на Силк Роуд Банка, на веб страната, профилите на социјални мрежи на банката или на телефонскиот број 02/3203-555.