Што се случува кога летот доцни и кои се твоите права како патник? Твојот лет може да биде одложен или укинат од повеќе причини, а твоите права зависат од конкретната ситуација и затоа секогаш провери ги кај авиокомпанијата или кај агентот од кој ги имаш купено картите.
Ако твојот лет доцни 3 часа или повеќе, имаш право да бараш обештетување, кое може да биде и до 600 евра. Во најмала рака, може да добиеш храна и пијалок, а во случај на одложување на летот за повеќе часови и хотелско сместување.
На пример, за одложен лет од Скопје до Барселона може да добиеш обештетување и до 500 евра. Дури и кога леташ со нискобуџетни компании, како Визер, имаш право на обештетување.
Твоите права во ваков случај се регулирани со европската легислатива ЕС261, која ја вклучува и Македонија.
Кога имаш право на обештетување?
- ако пристигнеш на дестинацијата со задоцнување поголемо од 3 часа
- го чекираше твојот лет навреме
- настанот се случил во последните 3 години
- доцнењето не е поради вонредни причини
Што треба да направиш ако летот доцни? Дознај кои се твоите права на веб-страницата или апликацијата на авиокомпанијата ако имаш мобилен уред со тебе или побарај информации од канцеларијата на авиокомпанијата на самиот аеродром.
Имаш и трето решение – друг да ја заврши оваа работа. Тоа се компании за рефундирање средства за одложени или укинати летови, кои на едно место ти нудат се. Постојат повеќе вакви компании, преку кои онлајн може да поднесеш барање за обештетување. На нивната веб страна ти нудат и калкулатор, на кој може да пресметап колкава е максималната сума што може да ја добиеш како обештетување.
Такви се AirHelp – #1 Air Passenger Rights Experts, Claim your Right for Flight Delay Compensation | Flightright, Flight Delay & Cancellation Compensation Experts | Airclaim, SkyRefund | Compensation for delayed and cancelled flights.
Барање за обештетување може да побараш само откако ќе пристигнеш на крајната дестинација затоа што предвид се зема времето на пристигнување, односно на напуштање на авионот, а не на полетување. Пополнувањето на формуларот е брзо и едноставно и не одзема повеќе од неколку минути. Често може да избереш дали сакаш обештетување со враќање на пари или со билет за друг лет. Секогаш кога бараш рефундирање на пари во готово, авиокомпанијата е должна да го направи тоа, при што повратот може да потрае неколку дена (најчесто до 7 дена) пред да ги добиеш парите на сметка.
Кога бираш на кој начин ќе бараш обештетување, дали директно преку авиокомпанијата или преку посредник, информирај се прецизно за сите услови, затоа што секогаш може да постојат одредени исклучоци поради кои може да се соочиш со проблем при повратот на парите.
Исто така, одредени кредитни картички нудат можност за бесплатно користење деловни зони на аеродромите кога летот доцни. Провери кај твојата банка дали тоа ти го овозможува и твојата картичка.
Слободно пиши ни infotvoipari@gmail.com доколку имаш прашања на оваа тема.