Нови акции со попусти во повеќе продавници. Кои производи се на попуст?

Во повеќе продажни места има нови акциски понуди.

Summer Cross Sale има во продавницата на Boss и за online shop. Во оваа акција добиваш 30% попуст на еден купен производ, 35% на два и 40% на три или повеќе производи.

Жешко Промо е акцијата во Smart Living која носи попусти до 40% на одредени трпезариски маси и софи. Повеќето модели се изложени и веднаш достапни. Понудата важи и за онлајн нарачки.

Во Енци менци има 50% попуст на облека и обувки од брендовите Chicco, Caramell и Just Kiddin од колекцијата пролет/лето 2024.

Понудата важи и за нарачки преку интернет продавницата, а за нарачки повисоки од 1.800 денари има бесплатна испорака.

До 50% попуст има на обувките во Grafiti. Со Diners Club може да користиш и плаќање на рати.

За летните дениви, Тинекс до 04.08.2024 нуди специјални акции на алкохолни пијалаци, Bormioli чаши и на сите додатоци потребни за подготовка на коктели.

Нептун нуди 48 рати без камата со haPPy кредит за купување лаптоп, десктоп, таблет или All-in-One компјутер. За одредени производи има и намалени цени.

D sportska oprema слави роденден на продавницата на Стадион со попуст од 20-70%  на целиот асортиман.