Зошто би платиле 755 евра за 4 дневно патување во Тоскана ако можете да платите 310 евра по лице?
Патувањата се големо уживање и задоволство за секого, особено во прекрасната Тоскана. Секое патување треба да биде пријатно и за личниот буџет затоа што така задоволството е комплетно.
За да изберете најповолна опција за вашиот личен буџет направивме мало истражување, кое покажа дека 4 дена во волшебната Тоскана од 28 септември до 1 октомври може да поминете за 310 евра по лице ако сами си го организирате патувањето или за 755 евра ако одите преку агенција. За 4 члено семејство со агенција ќе платите 3.020 евра, а во сопствена режија ќе платите вкупно 810 евра за истиот пакет! Заштедувате 2.210 евра!
Размислете, дали постои една причина да изберете драстично поскапа опција?
Нас ни беа потребни помалку од 10 минути да ја најдеме поевтината опција. Еве како.
Агенцијата ја нуди Тоскана со следниве трошоци по лице: 599 евра за хотел од 3 ѕвезди во Фиренца и авионски превоз од Скопје, 90 евра за посета на винарија со дегустација на вина и закуска, 45 евра за посета на Пиза и 20 евра за прошетка во Фиренца со локален водич.
Кога би избрале опција истата оваа тура да ја организирате сами, ќе ве чини 135 евра за сместување во истиот хотел, околу 50 евра (плус осигурување доколку сакате) за изнајмување автомобил на аеродромот во Болоња и околу 100 евра за гориво, трошок кој може да го делите со најмалку 3 сопатници и 28 евра по лице за посета на винаријата во Сиена со дегустација на 6 вина и тосканска закуска. Фиренца може да ја разгледате со или без локален водич, по ваш избор.
Може да ни пишете на infotvoipari@gmail.com доколку ви требаат повеќе информации или совети.