Бесплатни девизни приливи од странство за сите нови клиенти на ПроКредит банка

ПроКредит Банка им овозможи на сите нови клиенти што ќе отворат сметка до крајот на август да добијат неограничени бесплатни девизни приливи до крајот на годината. ПроКредит банка ќе ги обработува девизните приливи од странство без провизија, без разлика од која банка од странство истите се испратени.

Понудата на бесплатни девизни приливи овозможува дополнителна заштеда на трошоци и е посебно атрактивна за сите македонски државјани кои живеат и работат во странство и често имаат потреба од трансфер на средства на лесен, безбеден и исплатлив начин, како и сите фриленсери кои имаат редовни месечни примања по основ на приливи од странство.

Една од поволностите е тоа што средствата се достапни веднаш на сметката на клиентите, како резултат на автоматизираниот процес на распределба на приливите. Новите клиенти исто така можат да ја користат и предноста на банкоматите во 24/7 зоните кои нудат единствена можност за повлекување и дополнување евра директно на банкомат, достапни во секое време.

Имајќи ја предвид специфичноста на трансакциите со странство, ПроКредит Банка обезбедува и поддршка и високо-професионална услуга од лични банкарски советници кои можат да одговорат на сите барања поврзани со овие трансакции, покривајќи ги законските регулативи и потребната документација за да се обезбеди усогласеност и непречен процес.

Дополнителна можност за заштеда е и активната промотивна понуда на ПроКредит Банка за Орочен депозит со фиксни каматни стапки од 3,6% за денари и 2,5% за евра со рок на доспевање од 13 месеци.

За отворање сметка со бесплатни приливи од странство може да аплицирате на следниот линк: ProCredit Bank – Основен пакет (pcb.mk)