Fashion Group ги извести своите корисници дека Лојалти картичката сега е во функција и за онлајн програмата, па тие што ја поседуваат ќе може да ја користат за cashback при купување на онлајн платформата на www.fashiongroup.com.mk!
Условите за користење на Лојалти картичката и на поените остануваат исти како и во физичките продавници на брендовите и целиот процес е синхронизиран и онлајн. Со секоја сметка од или над 6.000 денари направена во продавниците Mango, Springfield Parfois, Women’Secret, Boss, Geox, Bitsiani, Dan John, имаш можност да станеш дел од клубот на лојални потрошувачи.
Купувачите ќе можат да ги искористат своите поени каде што ќе посакаат. За онлајн користењe, потребно е само корисникот да биде логиран со истиот е-маил со кој што е регистрирана картичката. На неговиот профил ќе може да ги види поените со кои располага.
“Единствената разлика при користењето на Лојалти картичката при онлајн шопинг е што после извршената и процесирана нарачка, поените ќе бидат достапни после изминати 30 дена“, објаснуваат од групацијата.
Сите информации поврзани со онлајн програмата за лојалност се наведени и на следниот линк .
За сите дополнителни информации корисниците можат да се обратат и во продавниците на Fashion Group како и во онлајн службата.