За 700 евра годишно поскапува студирањето во Германија за македонски студенти

Поскапува студирањето за македонски студенти во Германија за минимум 700 евра. Секој што сака да студира во Германија, од септември оваа година ќе треба да покаже доказ дека располага со 11.904 евра на сметка, а месечно ќе може да повлекува максимум 992 евра од овој износ.

Како меѓународен студент, секој студент од Македонија ќе треба да отвори во Германија т.н. Германска блокирана сметка на која ќе треба да се депонира износот од 11.904 евра. За оваа сметка се аплицира онлајн и е услов за добивање германска студентска виза, објави порталот studying in germany.org

Доколку сакаш да студираш во Германија, на германските власти треба да им докажеш дека имаш доволно пари да се издржуваш.

Како да докажеш дека имаш доволно пари? Еден од начините е преку германска блокирана сметка, позната и како Superrkonto. Постојат повеќе провајдери за отворање ваква сметка, како на пример Expatrio, Fintiba, Coracle.

Германска блокирана сметка, која сега го поскапува студирањето, е банкарска сметка за странски студенти и работници,  а која треба да депонираш фиксен износ на пари. Овие пари потоа се заклучуваат и се ослободуваат месечни рати кои може да ги користи сопственикот на сметката. Досега износот што требаше да се депонира беше 11.208 евра, а од септември 2024 година овој износ се покачува на 11.904 евра за 12 месеци.

Имај предвид дека сите провајдери не ја отвораат сметката со иста брзина, па затоа порталот препорачува зависно од времето што го имаш до крајниот термин за виза, да ја избереш побрзата опција.

Многу провајдери комбинираат блокирана сметка со здравствено осигурување со цел полесно добивање студентска виза.

Дојче банк повеќе не нуди услуги за блокирани сметки. Еден од омилените провајдери на студентите е Expatrio, каде може да отвориш и банкарска сметка директно поврзана со твојата блокирана сметка.

Дали може да студираш во Германија без да имаш блокирана сметка?

Да. Студурањето во Германија е можно без блокирана сметка доколку докажеш дека имаш доволно средства на еден од следните начини:

– документ за приходот и финансиската состојба на родител

– потврда за стипендија од признат давател

– писмо за заложба, со кое постојан резидент во Германија (роднина или пријател) гарантира дека ќе ги покрива твоите трошоци додека студираш во оваа држава

– банкарска гаранција.

Доколку не ги исполнуваш овие услови, мора да отвориш блокирана сметка пред да пристигнеш во Германија. Откако ќе пристигнеш, во рок од три месеци ќе треба да аплицираш за дозвола за престој, да отвориш банкарска сметка и да ја активираш блокираната сметка.