Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) одлучи да ги намали малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,85 %. Поевтинуваат сите горива од полноќ и тоа за 0,50 до 1,50 денари.
Малопродажните цени на бензинот ЕВРОСУПЕР БС-98 и на ЕВРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) се намалуваат 1,50 денар/л. Малопродажната цена на бензинот ЕВРОСУПЕР БС-95 се намалува 1,00 денар/л. Малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува 0,50 денари/л.
Единствено се зголемува малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ и сега ќе изнесува 44,748 денари/кг.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините 2,531 %, кај дизелот 2,143 %, кај екстра-лесното масло 0,449 % и кај мазутот зголемувањето е 3,070 %.
„Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00.01 часот на 13.8.2024 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт може да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени“, велат од РКЕ.