Како да избереш најповолен потрошувачки кредит од актуелната понуда на банките?

Летото не е завршено, но се ближи и 1 септември, кога завршува летната безгрижност и започнува училишната година. А, со неа доаѓаат и нови трошоци за подготовка на децата за во училиште и за претстојната есенско-зимска сезона. Без разлика дали до крајот на овој месец планираш трошоци за одмор или за подготовка на децата за во училиште, еве како да избереш најповолен потрошувачки кредит од актуелната понудата на банките.

Потрошувачките кредити некогаш се неизбежни за да се покријат одредени трошоци, па затоа треба да се направи добар избор на кредит со најповолна каматна стапка која најмалку ќе го оптовари семејниот буџет.

Каматните стапки на потрошувачките кредити се движат од 4,8% до 14,3%, така што не е сеедно од која банка ќе земеш кредит и со какви услови. Многу важен услов што треба да го имаш предвид е дека каматните стапки се вообичаено најповолни доколку во истата банка во која аплицираш за кредит примаш и плата или пензија.

Во моментот, ТТК банка има најниска каматна стапка на потрошувачките кредити за првите две години, доколку во оваа банка примаш плата или пензија. ВИП Потрошувачкиот кредит до 1,5 милиони денари има фиксна каматна стапка од 4,8% во првите 2 години и 7,3% променлива за останатиот период на отплата, кој може да биде до 120 месеци. Овој кредит доаѓа со задолжителна полиса за осигурување, која е дополнителен трошок што треба да го платиш при земање на кредитот. Но, ако не примаш плата преку ТТК банка, каматната стапка е највисока, дури 14,3%.

Каматните стапки во Халк банка се движат од 5% до 8,5% фиксна за цел период на отплата, зависно каков кредит ќе избереш. Има и опција за фиксна камата во првите две години, која се движи од 5,5% до 5,7%, и променлива од 7,3% за останатиот период. Овие кредити се со задолжителна полиса за осигурување.

УНИ банка го нуди потрошувачкиот кредит со фиксна камата во првите 2 години од 5,3% со вклучено осигурување и 5,8% без осигурување. Променливата каматна стапка не е наведена на веб страницата, но е познат стапката на вкупни трошоци, која изнесува 7,429% со осигурување и 7,087% без осигурување. До 30 септември кредитите се без трошоци за аплицирање.

Во Силк роуд банка, Фикс премиум кредитот има фиксна камтна стапка од 5,45% со осигурување до 5,95% без осигурување за целиот период. Потрошувачкиот кредит доаѓа со фиксна камата  за првите 2 години од минимум 5,4% и променлива до 11,5% зависно од условите.

И Шпаркасе банка бара задолжително осигурување за S Plus потрошувачкиот кредит, кој го нуди со повеќе опции – со фиксна камата од 5,8% до 6,7% зависно од должината на периодот на отплата или со фиксна од 5,4% во првите две години и променлива од 7,2% за останатиот период.

Комерцијална банка го нуди Потрошувачкиот кредит до 2 милиони денари со камата од 5,7% (фиксна за две години) со вклучено осигурување и 5,9% без вклучено осигурување, и променлива камата од 6,87% до 7,07%, со период на отплата до 95 месеци. Потрошувачкиот кредит до 30.000 евра има променлива каматна стапка од 5,972% со осигурување до 10,372% без осигурување.

 

Банка Каматна стапка Рок на отплата Осигурување
ТТК банка
ВИП Потрошувачки кредит 4,8% фиксна 2 год

7,3% променлива

120 месеци Задолжително
СМАРТ потрошувачки кредит 5% фиксна 2 год

7,3% променлива

120 месеци Задолжително
ВИП Потрошувачки кредит 5% фиксна 2 год

7,5% променлива

120 месеци Не е потребно
СМАРТ потрошувачки кредит 5,2% фиксна 2 год

7,5% променлива

120 месеци Не е потребно
Ненаменски потрошувачки кредит за неприматели на плата 14,3% променлива 84 месеци Не е потребно
Халк банка
Потрошувачки кредит со осигурување 5%-5,2% фиксна за цел период 95-120 месеци Задолжително
Потрошувачки кредит со осигурување од незгода 5,7% фиксна 2 год

7,3% променлива

120 месеци Задолжително
Потрошувачки кредит со осигурување од неможност за отплата 5,5% фиксна 2 год

7,3% променлива

120 месеци Задолжително
Online потрошувачки кредит 9,1% фиксна за цел период 60 месеци Не е потребно
УНИ банка
Потрошувачки кредит 5,3%-5,8% фиксна 2 год 95 месеци По твој избор
Силк роуд банка
Фикс премиум потрошувачки кредит 5,45%-5,95% фиксна 95 месеци По твој избор
Потрошувачки кредит 5,4%-6,9% фиксна 2 год

8,77%-11,5% променлива

120 месеци По твој избор
Шпаркасе банка
S Plus потрошувачки кредит 5,8%-6,7% фиксна 95-120 месеци Задолжително
S Plus потрошувачки кредит 5,4% фиксна 2 год

7,2% променлива

95 месеци Задолжително
Комерцијална банка
Потрошувачки кредит до 2 милиони денари 5,7%-5,9% фиксна 2 год

6,87%-7,07% променлива

95 месеци По твој избор
Потрошувачки кредит до 30.000 евра 5,972%-10,372% променлива 95 месеци По твој избор
Стопанска банка Скопје
Потрошувачки кредит до 1,5 милиони денари/25.000 евра 5,8%-6% фиксна 2 год

10,24%-12,89% променлива

120 месеци Задолжително
НЛБ банка
Виолетов/Сребрен потрошувачки кредит 7,1% фиксна 120 месеци Задолжително / По твој избор
Виолетов потрошувачки кредит 7,3% фиксна 120 месеци Задолжително
Потрошувачки кредит до 600.000 денари 9,1% фиксна 60 месеци Задолжително

 

Потрошувачките кредити на Стопанска банка Скопје, во зависност од валутата имаат фиксна каматна стапка во првите 2 години од 5,8% до 6% и променлива за останатиот период од 10,24% до 12,89% и барат задолжително осигурување. Од 1 јули оваа банка ги нуди потрошувачките кредити без административни трошоци.

Во НЛБ банка може да избереш Виолетов или Сребрен потрошувачки кредит со фиксна каматна стапка од 7,1% до 7,3% за целиот период на отплата. Осигурувањето е задолжително, а до 31 август кредитите се без трошоци за одобрување.

Редоследот на банките не треба да биде клучен при изборот на најповолната опција затоа што таа зависи од точните пресметки. Притоа, една од најважните работи што треба да ја имаш предвид е дали кредитот задолжително бара осигурителна полиса бидејќи тој трошок нема да биде помал од неколку стотина евра. Кредитот со вклучено осигурување вообичаено има пониска каматна стапка така што треба добро да се пресмета дали повеќе се исплати кредит со осигурување и пониска камата или кредит без осигурување и повисока камата.

Доколку ти се потребни повеќе информации илии совети за избор на најпoволната опција за кредитно задолжување, може да ни пишеш на infotvoipari@gmail.com.