Летните попусти привршуваат со поголеми намалувања на цените, а започнуваат акциите со понуда на потребните работи за во училиште.
За да бидеш во тек со најновите промотивни акции и за да избереш најповолна понуда, еве ги новитетите кои значат намалени цени и други поволности за заштеда на пари:
GARAGE SALE во сите аутлети на Магнетик со попуст до 70% и дополнителни 20% на колекцијата пролет-лето. Акцијата трае од 15 до 25 август.
Аутлет продавниците на Magnetik се наоѓаат во ГТЦ и во Ramstore Mall (Liu Jo, Gerry Weber, Magnetik Outlet, Motivi, Oltre, Fiorella Rubino). Понудата важи и за онлајн нарачки на www.magnetik.mk, при што дополнителниот попуст е веќе пресметан на онлајн цените.
Акцијата GARAGE SALE во Ramstore Mall носи и попуст од 70% на производи во продавниците на GANT, TOMMY, CALVIN KLEIN, POLO, LACOSTE, JACK&JONES.
Во продавниците на Springfield и онлајн сите фармерки имаат попуст од 60%.
Дел од трговците започнаа и со промотивни акции за производи потребни за подготовка на децата за во училиште.
Во Sport Vision Outlets, за купени 2 производи од детскиот асортиман или ранци добиваш дополнителни 10% попуст. Акцијата важи до 15 септември.
Дополнително, до крајот на август тече акцијата со попуст до 70% на целиот асортиман. Кога плаќаш, не ја заборавај Sport&Bonus картичката затоа што. А неа добиваш дополнителен кешбек што може да го користиш за следно купување.
Back to School акција има и во продавниците а JYSK. Членовите на Diners Club имаат можност за одложено плаќање до 12 рати без камата.
Купувај паметно и направи добра заштеда.