Роденденска наградна игра на Diamond Mall – главна награда хибриден автомобил

Започна роденденската наградна игра на Diamond Mall, со главна награда автомобил PEUGEOT NLU 3008 Allure HIBRID.

Во пресрет на одбележувањето на првиот роденден на Diamond Mall под мотото „Дијамантскиот сјај ти носи среќа без крај“, започна и наградна игра, која ќе трае до 19 октомври годинава. Покрај главната награда, хибриден автомобил кој е новина на македонскиот пазар, ќе бидат доделени и две парични награди во вредност од 50.000 денари, четири парични награди од 25.000 денари и осум парични награди во вредност од 12.500 денари.

За учество во наградната игра е потребен купон, кој се добива за секое купување на производи и услуги во вредност од 1.000 денари, а еден купувач може да учествува со неограничен број на купони. Деталите за наградната игра се достапни на веб страницата на Diamond Mall