Еуролинк осигурување воведе онлајн платформата Еуролинк360 степени – алатка за следење на твојата полиса

Еуролинк осигурување ја воведе новата онлајн платформа Еуролинк360 степени, која им овозможува на клиентите целосен увид и безбедно управување со сопственото осигурително портфолио. Оваа платформа обезбедува лесно и брзо онлајн пријавување на штети по сите полиси, следење на статусот на пријавената штета во реално време, целосен преглед на сите фактури и управување со начините за плаќање, обнова на полиси, како и унапредување на функциите што веќе се достапни.

Секој клиент физичко лице има можност да се верификува на Еуролинк360 степени и со тоа да си овозможи преглед и управување со своето осигурување. Еден од најважните новитети е можноста за онлајн пријава на штета со дигитално управување со документите. Клиентот веднаш добива број за пријавената штета и можност преку електронски тракинг систем да го прати процесот на обработка.

Во Еуролинк осигурување, постојано бараме начини да ги подобриме нашите процеси и да обезбедиме врвна услуга за нашите клиенти. Денеска правиме чекор напред кон целосно клиентски ориентирано искуство во осигурувањето што е дел од иднината. Еуролинк360 степени е сеопфатна платформа за сите осигурителни потреби која осигурувањето го става целосно во рацете на клиентите. Платформата е дел од нашата стратешка определба за обезбедување на сестрана клиентска поддршка преку мултипни канали и решение за клиентите кои преферираат самостојно следење и менаџирање на своето осигурително портфолио во секое време. Со нашата иновативна платформа овозможуваме целосно транспарентен и достапен систем за следење и менаџирање со осигурителното портфолио, што значи дека клиентите можат сами да го прегледаат своето портфолио, да обновуваат и купуваат осигурување, да сетираат начин на плаќање и да платат, како и да пријават и следат штета – сè на едно место. Вложивме исклучителни напори во последната година да ја развиеме и лансираме Еуролинк360 степени – платформа која ќе понуди целосно ново и максимално подобрено искуство во осигурувањето. Платформата ги прати трендовите во дигитализацијата и зголемената желба на нашите клиенти да бидат во сопственост на своите податоци и самостојно да ги контролираат процесите“ – изјави Марија Томеска, претседател на Управниот одбор на Еуролинк осигурување.

Еуролинк осигурување продолжува да биде достапна и преку сите останати канали на комуникација.