Иако инфлацијата ги зголеми трошиците за храна, Кристи Нгујен (Kristy Nguyen) успева да потроши шест пати помалку за храна неделно од останатите просечни Американци и да направи добра заштеда.
Во Калифорнија, каде што живее, повеќето Американци неделно за прехранбени производи трошат 300 долари, додека таа издвојува максимум 50 долари за храна за себе и својот партнер. Штеди за стан.
„Храната не мора да биде скапа ако знаете како да ја најдете најдобрата понуда и имате утврден буџет“, вели Кристи за New York Post, и додава дека прехранбените производи што ги купува и дозволуваат да подготви три хранливи оброци секој ден.
Понекогаш, ако некои производи веќе ги има дома, сметката за неделното купување успева да ја намали и на 35 долари.
Кристи (23 години) моментално работи на три работни места за да го оствари својот стан и да си купи стан. Жонглира помеѓу позицијата менаџер во Алди и хонорарна благајничка во Волмарт. Овие две работи годишно и носат 60.000 долари. Покрај тоа, значајни приходи остарува и како автор на ТикТок содржини. Вели дека на тој начин оваа година веќе заработиола 12.000 долари.
„Не ми беше доволно да имам само една работа од 9 до 5 бидејќи со таа плата никогаш не би можела да си купам стан до 25 години. Знаев дека мора да работам три работи“, вели Кристи.
Кои се нејзините три правила кои и помагаат со така скромен буџет кога е во прашање храната да го добие тоа што навистина и треба?
- Прави детален список на кој е точно прикажано што и треба за секој оброк
- Повеќето нејзини оброци се прават од исти намирници
- Купува по намалени цени и секогаш бара акции
„Некои од моите најкупувани производи се мисирка, јунешко месо, бел ориз, тортиљи, банани и смрзнато овошје. Со овие производи може да направам речиси се и моите оброци се навистина хранливи и здрави“, истакнува Кристи.
Нејзиниот трет совет е: споредувајте ги цените во секоја продавница и напрвате најдобра можна зделка.
„Во среда, на пример, Алди има најдобри промоции на месото. Секоја продавница има специјални цени во одреден ден од неделата. Треба само да ги следите и да пазарите по најдобри цени, порачува Кристи.