Тргувањето со акции на Македонската берза на 13 септември ќе биде без провизии за брокерски и други услуги по повод Инвеститорски ден 2024.
Во рамките на петтиот по ред Инвеститорски ден 2024 на Македонската берза, сите домашни физички лица имаат можност да купуваат и продаваат акции од македонски компании без обврска да платат провизии кон брокери, Берзата и кон Централниот депозитар за хартии од вредност.
За успешна реализација на трансакциите на неопходно е:
- Инвеститорите да склучат нормални трансакции со акции преку БЕСТ системот со посредство на избрана брокерска куќа
- Вкупниот остварен дневен промет по индивидуален инвеститор не треба да биде поголем од 10.000 евра
- Трансакциите да бидат склучени преку клиентска, односно сопственичка сметка
Целта на акцијата Инвеститорски ден е да се промовира вложување во акции издадени од домашните компании и да се зголеми знаењето за овие финансиски инструменти.