Халкбанк ќе им додели дигитален ваучер од Giftcards.mk во износ од 1.200 денари на првите 500 клиентите кои ќе аплицираат за Mastercard Contactless кредитна картичка и ќе направат трансакција на ПОС терминал или онлајн.
Клиентите кои ќе ги исполнат условите за добивање вредносен ваучер во износ од 1.200 денари од Халкбанк на е-маил адреса ќе добијат линк и порака со упатство за користење на дигиталниот ваучер. По избирање на ваучер за еден од понудените трговци, ќе добијат баркод кој потоа може да се реализира во продажните места со прикажување на истиот преку телефон или друг уред.
Mastercard Contactless кредитните картички овозможуваат и повлекување готовина без провизија во последните седум денови од секој месец од банкоматите на Халкбанк АД Скопје.
Плаќањето со оваа картичка се врши без ПИН авторизација или потпис до лимит од 2.000 денари, одреден од Банката, или до лимитот за бесконтактни трансакции поставен на ПОС терминалот.
За корисникот на картичката, Mastercard Contactless кредитната картичка овозможува 10% пониски цени при купување на полиси за доброволно осигурување од Халк Осигурување.
Картичката е меѓународна, поддржува интернет плаќања без провизија за трансакции на домашни и странски интернет страни и за истите добивате мејл известување за секоја направена трансакција.
Сите заинтересирани можат веднаш да аплицираат преку достава на апликација во најблиската филијала/експозитура или преку онлајн апликација, а има можност и за онлајн аплицирање преку електронско банкарство или мобилната апликација.
Картичките издадени од Халкбанк А.Д. Скопје ги поседуваат највисоките стандарди за безбедност во интернет плаќањата (3D Secure – Verified by Visa – VbV и MC Secure Code).