Ако одиш во шопинг не ги пропуштај викенд попустите

Викенд попусти има во повеќе продавници и не ги пропуштај доколку денеска и утре планираш шопинг. Вреди да направиш список што планираш да купиш следниот период и да провериш дали некои од тие производи се со намалена цена овој викенд.

Еве ги актуелните викенд попусти кои значат пониски цени и вредна заштеда:

Во трговскиот центар East Gate Mall има попусти во поголем број продавници, како Reserved, потоа во HOUSE и во H&M со намалени цени на селектирани производи до 50%. Во Bonatti до 29.09. има 15% дополнителен попуст на сите производи со намалени цени. Попусти од 20% на селектирани производи во периодот до 29.09. има во Swarovski.

Sport Vision, пак, има 20% попуст на новата колекција на Champion, Ellesse, Kander, Sergio Tacchini и Soul Studio, а попустот важи за купени 2 или повеќе производи. Акцијата трае до 31 октомври.

Од 29.09. до 92.10. сите производи во dm дрогеријата во East Gate mall се со намалени цени за 15%. На 28.09. дрогеријата дели и подароци на каса. Со секоја сметка над 500 денари добиваш подарок торба, со сметка над 700 денари подарок DENKMIT марамчиња за чистење, а со сметка над 1.999 денари подарок пешкир.

Skopje City mall викендов слави 12-ти роденден и нуди попусти во повеќе продавници. Во Mango има попуст од 30% на селектирани артикли од колекцијата есен-зима’24. Во Сара фешн има попуст до 50% на повеќе производи. Акцијата започнува на 30.9 и трае до 13.10. Намалување до 30% има во продавницата на Skaut.

Diners club има акција за купување на рати со одложено плаќање од 1 ноември за многу продажни места, како што се Lacoste, Tommy Hilfiger, Calvin Klein, L’Occtitane, потоа во Marella, Weekend Max Mara, Pinko, Penny Black, Twinset, Liu Jo, или од останатите салони во Magnetik. Акцијата важи од 27.09- 30.09. 2024.

Во продавниците на JYSK сите производи од актуелниот каталог се со намалени цени од 50%.

Во Нептун сите производи може да се купат на 48 рати без камата. Акцијата важи до 30.09.2024.
Попуст од 70% на сите производи има во Motivi, Oltre и Fiorella Rubino само овој викенд.  Понудата важи и за онлајн шопинг на www.magnetik.mk.