Станбениот кредит на Комерцијална банка сега e со пониска каматна стапка и без трошоци за одобрување, администрирање и процена во промотивниот период до 31.12.2024 година.
Во промотивниот период Станбениот кредит на Комерцијална банка има фиксна годишна каматна стапка од 3,1% за првите пет години. Достапен е и со опција за вклучено животно осигурување преку Триглав Осигурување Живот АД Скопје, а сѐ со цел да добиеш финансиско решение кое ќе ги задоволи и твоите желби и твоите можности.
Кредитот е наменет за купување, изградба, доградба или реконструкција на стан, куќа или деловен простор, како и за купување градежно земјиште или недвижен имот во странство.
Преку следниот линк дознај повеќе за Станбениот кредит на Комерцијална банка, пресметај рата и поднеси податоци за да те контактираат нашите вработени.