Шпаркасе Банка понуди нов станбен и нов потрошувачки кредит со фиксни каматни стапки. Новиот денарски станбен кредит од Шпаркасе банка има фиксна каматна стапка од 3,49% за првите десет години од отплатата. Кредитот е достапен во максимален износ до 24.600.000 МКД со рок на отплата до 360 месеци. Дополнителна поволност е ослободувањето на клиентите од административни, нотарски трошоци и трошоци за процена.
Покрај станбениот кредит, Банката воведе и нов потрошувачки кредит со фиксна каматна стапка од 5,3% за целиот период на отплата, кој трае до 95 месеци, на максимален износ до 1.500.000 МКД.
Овие кредити се дел од новата кампања на Банката ,,Кажи YES за фиксна рата во Шпаркасе Банка“.
„Фиксните каматни стапки во ова динамично опкружување, се од суштинско значење за ефективно управување со личните финансии и горди сме што ги поддржуваме нашите клиенти во постигнување финансиска благосостојба. Шпаркасе Банка и понатаму продолжува посветено и со задоволство да работи за најдобрите интереси на клиентите. Наша цел е да обезбедиме нашите клиенти да добијат не само иновативни решенија, туку и највисок квалитет на услуги приспособени на нивните потреби“, изјави Ивана Петревска, директор на Дирекцијата за маркетинг и комуникации во Шпаркасе Банка.
Шпаркасе Банка е членка на групацијата Ерсте и Штаермаркише Шпаркасе, една од водечките финансиски групации во Средна и Источна Европа, со речиси 200 години традиција.