Кои се 10 сомнителни веб страници за онлајн шопинг?

Кога правиш онлајн шопинг треба да избегнуваш сомнителни веб страници затоа што ризикуваш измамници да ги злоупотребат податоците од твојата картичка, да повлечат пари од неа и финансиски да те оштетат.

Ова не е новина и со вакви измами секојдневно се соочуваат голем број граѓани од едноставна причина – затоа што не внимаваат кога ги оставаат податоците од платежната картичка.

Сомнителните веб-страници најчесто нудат „добри зделки“ и „големи попусти“. Направени се за да личат на вистински веб-страници, но всушност се лажни и измамнички. Нудат популарни и брендирани производи по неверојатно ниски цени, но никогаш нема да го испорачаат купениот производ. И во најголем дел од случаите ќе ги украдат податоците од твојата банкарска картичка и ќе повлекуваат пари од неа кога сакаат.

Повлечена ми беше поголема сума на пари во рок од неколку минути од разни држави. За тие неколку минути беа направени преку 20 трансакции и видов повеќе пати одлив на пари од мојата сметка. А, јас немам ништо порачано и јасно ми беше дека картичката ми е злоупотребена“, вака звучи сведоштвото на лице чија картичка биле злоупотребена преку онлајн измами.

За да ти помогнеме да избегнеш лажни шопинг веб-страници, направивме листа на тие кои навистина треба да ги избегнуваш:    

Discount Store, Marina OFF, Corey Gibbs, Thistle, House Shelby сигурно си ги забележал како профили што ти излегуваат на Фејсбук и ти нудат брендирана облека на попуст од 80%. Не кликај на овие линкови затоа што се спам и водат кон лажни и небезбедни веб-страници

Избегнувај ги и следниве веб-страници:

1. Zorasoul[.]co – се рекламира преку е-маил пораки и социјални мрежи, а страницата има многу црвени знаменца и нема контакт информации
2. Yssemk[.]com на страницата недостасуваат легитимни контакт информации, има бројни граматички грешки, ограничени опции за плаќање и многу црвени знаменца.
3. VolcomLifeStyle[.]com – страницата продава лажни Volcom производи преку нудење неверојатно ниски цини или „купи еден – добиј два производи“.
4. Trendcraftleather[.]com – продава кожни производи, како јакни, ташни, паричници по многу ниски цени, но купувачите најчесто добиваат производи со лош квалитет или ништо не добиваат.
5. Vivianhan[.]com – продава играчки за деца и за празници по сомнително ниски цени само со цел да ги добие податоците од картичката на купувачите.
6. Sideoutfit[.]com – продава лажни производи, кои често воопшто не ги испорачува, а ако се жалиш веднаш ја блокира комуникацијата.
7. Rayem[.]shop – ги таргетира сопствениците на домашни миленичиња, но купените производи не ги испорачува и не прима поплаки.
8. Pouliga[.]com – лажна страница која продава додатоци за автомобили, а ги нуди преку е-маил пораки и преку социјалните мрежи Фејсбук, Инстаграм и ТикТок.
9. PiloSaleLtd[.]com – има повеќе црвени знаменца на оваа страница која нуди електрични производи и играчки за деца.
10. TiffanyCoShop[.]com – клучен сигнал дека станува збор за лажна веб страница е известувањето од официјалната Tiffany & Coдека нивните производи се продаваат само на нивните официјални платформи, специфични за секоја земја.