Кога правиш онлајн шопинг треба да избегнуваш сомнителни веб страници затоа што ризикуваш измамници да ги злоупотребат податоците од твојата картичка, да повлечат пари од неа и финансиски да те оштетат.
Ова не е новина и со вакви измами секојдневно се соочуваат голем број граѓани од едноставна причина – затоа што не внимаваат кога ги оставаат податоците од платежната картичка.
Сомнителните веб-страници најчесто нудат „добри зделки“ и „големи попусти“. Направени се за да личат на вистински веб-страници, но всушност се лажни и измамнички. Нудат популарни и брендирани производи по неверојатно ниски цени, но никогаш нема да го испорачаат купениот производ. И во најголем дел од случаите ќе ги украдат податоците од твојата банкарска картичка и ќе повлекуваат пари од неа кога сакаат.
„Повлечена ми беше поголема сума на пари во рок од неколку минути од разни држави. За тие неколку минути беа направени преку 20 трансакции и видов повеќе пати одлив на пари од мојата сметка. А, јас немам ништо порачано и јасно ми беше дека картичката ми е злоупотребена“, вака звучи сведоштвото на лице чија картичка биле злоупотребена преку онлајн измами.
За да ти помогнеме да избегнеш лажни шопинг веб-страници, направивме листа на тие кои навистина треба да ги избегнуваш:
Discount Store, Marina OFF, Corey Gibbs, Thistle, House Shelby сигурно си ги забележал како профили што ти излегуваат на Фејсбук и ти нудат брендирана облека на попуст од 80%. Не кликај на овие линкови затоа што се спам и водат кон лажни и небезбедни веб-страници
Избегнувај ги и следниве веб-страници: