Роденденски и ноемвриски попусти во повеќе продавници

Овој викенд повторно има попусти и промотивни акции по продавниците, а најмногу случувања и роденденски попусти има во East Gate Mall.

Намалување на цените од 20% има во продавницата за долна облека Yamamay и тоа на целата колекција есен/зима’24 (освен basic колекцијата). Намалени се цените на пижами, ноќници, долна облека, спортска облека… Попустот важи до 03.11 во продажните салони на Yamamay во East Gate Mall и во Ramstore Mall, како и онлајн на www.magnetik.mk.

До 3 ноември има специјални понуди и во Нептун во East Gate Mall. Понудата вклучува двојно поени на haPPy картичката, бесплатна комфорт достава и бесплатна премиум достава за сметка над 69.999,00 денари за производи од целиот асортиман.

Промотивната акција Look boo-tiful this Halloween на Fashion group значи намалени цени до 20% на селектирани артикли од колекцијата есен-зима’24 во продавниците и онлајн.

По повод роденденот на East Gate Mall има попуст од 50% во GANT, POLO, JACK&JONES, до 50% во CALVIN KLEIN и попуст од 20% на сите производи во TOMMY HILFIGER.

Во продавниците на Сетек добиваш 7% cashback со секоја сметка и плаќање со Сетек клуб картичката. Акцијата важи до 10 ноември.

Продавницата Home light го започнува ноември со попуст на шинска расвета, со цени на комплети кои почнуваат од 1.760 денари.