Двојно поголем поврат на средства со НЛБ Happy кредитната картичка

НЛБ haPPy картичката овој месец на сите нови и постоечки корисници им носи двојно поголем поврат на средства за секоја направена трансакција.

Со НЛБ haPPy картичката во ноември за секоја трансакција добиваат поврат од 1,2% од вредноста на трансакцијата, па сè до максимални 2,4% во зависност од продажното место.

НЛБ haPPy кредитната картичка обезбедува загарантиран поврат на средства (cashback) за секоја направена трансакција на продажно место во земјата и во странство. Тaа може да се користи секојдневно за пазарувања и за подигнување готовина.

Минималниот месечен износ за отплата изнесува 5% од вкупните доспеани обврски, а НЛБ Банка овозможува бескаматен грејс период за отплата на средствата до 45 дена.

За НЛБ haPPy кредитната картичка клиентите можат да аплицираат во експозитурите на НЛБ Банка или во продажните места на Нептун Македонија.

Повеќе детали за НЛБ haPPy кредитната картичка и промотивната понуда може да се добијат во експозитурите на Банката, преку контакт центарот, на телефонскиот број: 02/15 600 или на веб страницата на НЛБ Банка.