Предупредување за измами преку наводни инвестиции

По укажувања од МВР за измами преку наводни инвестиции во крипто валути (Bitcoin и други крипто валути) Комерцијална банка ги предупреди своите клиенти да бидат внимателни каде и како ги откриваат вашите лични финансиски податоци.

Бидете внимателни и заштитете ги вашите лични финансии од лица и платформи кои лажно се претставуваат како банка, адвокат, посредник во тргување и слично.

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ преку телефон, e-mail, Вибер, СМС, број на вашата платежна сметка или картичка, лозинка, ПИН или CVC код. Банката никогаш нема да ги побара овие податоци од вас на овој начин.

Пренос на средства преку електронско банкарство и преку картички треба да правите само лично и кон познати сметки или трговци.

Личните финансиски податоци треба да ги знаете само вие и затоа не ги споделувајте со никого!

Еден од приоритетите на Комерцијална банката е грижата за вашите лични податоци.

Внимателно прочитајте ги сигурносните препораки за користење електронско банкарство.

Споделете ја информацијата на сите на кои мислите дека ќе им користи.