Шпаркасе Банка со новата кампања „Те честиме за прва плата“ на сите млади од 18 до 25 години што ќе ја префрлат плата во Банката им дава еднократен бонус од 6.000 денари на Vibe On сметката.
Квалификувани за учество во кампањата се сите млади на возраст од 18 до 25 години, кои ќе ги исполнат следните услови:
- Ќе отворат сметка во Шпаркасе Банка и ќе активираат Vibe On пакет за млади со Visa дебитна картичка;
- Ќе примат две последователни плати на Vibe On сметката, а бонусот од 6.000 денари ќе им биде исплатен на нивната сметка по примањето на втората плата.
„Продуктот „Те честиме за прва плата“ е создаден со цел да обезбеди поддршка за младите што го започнуваат својот професионален пат, нудејќи им финансиска помош и пристап до уникатните придобивки на Vibe On пакетот. Со платформата Vibe On, Шпаркасе Банка е посветена на обезбедување најдобри банкарски решенија за младите, сметајќи ги за свои најголеми партнери. Преку иновации и посветеност, Шпаркасе Банка работи заедно со младите во креирањето стабилни финансиски основи, кои ќе им овозможат успех во иднината и ќе ја зајакнат нивната финансиска благосостојба“, изјави Ивана Петревска, директорка на дирекцијата за маркетинг и комуникации во Шпаркасе Банка.
Кампањата „Те честиме за прва плата“ трае до 30.6.2025 година или до искористување на средствата предвидени за исплата.
За повеќе информации, посетете ја најблиската подружница на Шпаркасе Банка или веб- страницата www.sparkasse.mk.