НЛБ Банка со празнична понуда за потрошувачки кредити со фиксна каматна стапка од 5,3%

НЛБ Банка воведe празнична понуда за потрошувачки кредити со промотивна каматна стапка од 5,3% и рок на отплата до 95 месеци.

Празничната понуда се однесува на сите кои ќе аплицираат за потрошувачки кредит до 15 jануари, 2025 година. Аплицирањето за потрошувачките кредити во НЛБ Банка е брзо и едноставно, пришто клиентите можат да изберат дали сакаат да земат кредит директно преку мобилен телефон или во некоја од експозитурите на Банката.

Клиентите можат да поднесат барање за мКлик кредит до 1.500.000 мкд, кој е без трошоци за одобрување, а каматната стапка од 5,3% е фиксна за целиот период на отплата на кредитот. Па така, ако сте примател на плата во НЛБ Банка, сè што треба да направите е да ја преземете апликацијата НЛБ мКлик, која е достапна на Google Play и на App store и да го активирате НЛБ мКлик пакетот со право на плаќање. Потоа следете го процесот на аплицирање, внесете го бараниот износ на кредит и рок на отплата и пополнете ги сите потребни полиња. За само неколку минути по одобрувањето, средствата од кредитот ќе бидат исплатени веднаш, директно на вашата трансакциска сметка.

Дополнително, за потрошувачкиот кредит со истата каматна стапка, клиентите можат да аплицираат и во некоја од експозитурите на НЛБ Банка, каде одобрувањето на кредитот е за помалку од 30 минути.

Повеќе детали за празничната понуда на НЛБ потрошувачки кредити се достапни на веб-страницата на Банката www.nlb.mk или преку Контакт центарот на: 02/15 600.