Google објави сериозно предупредување за корисниците на својот e-mail сервис Gmail, за кој се проценува дека го користат дури 1,8 милијарди луѓе ширум светот, пишува Zimo.
Google ги повика своите корисници, без разлика дали го користат Gmail за приватна или деловна кореспонденција или пак за пристап до други сервиси, да активираат сигурносни мерки и така да ја заштитат својата сметка од се посериозни закани – phishing.
Да потсетиме phishing е сајбер измама со која измамниците праќаат лажни електронски пораки, се претставуваат како некој друг (банка, картична институција, социјална мрежа…) и од корисниците бараат брза реакција за потврдување на информациите или идентитетот, а се со цел кражба на истите податоци и добивање пристап до финансиските и другите податоци на корисникот.
Ако не го направиле тоа, корисниците треба што побрзо са активираат клучни сигурносни мерки за да ја зголемат сигурноста на својата сметка и да си обезбедат помош од Google во случај во иднина да им се случи нешто со сметката (да бидат хакирани, да го изгубат пристапот и слично).
2FA
Двостепената автентификација 2FA претставува дополнителна заштита бидејќи од корисникот бара независна потврда на идентитетот. Тоа значи дека корисникот откако ќе внесе лозинка за пристап на својата сметка, мора да го потврди својот идентитет или со впишување ба код што ќе го добие на својот мобилен телефон или на код од апликација за автентификација. На тој начин дури и ако некој се обиде да влезе неовластено на твојата сметка, дополнителната проверка ќе го запре.
Сигурносна проверка
Google на сите свои корисници им пружа можност за сигурносна проверка која ги проверува подесувањата на сметка и бара евентуални слабости. Доволно е да се влезе на сопствената сметка и во подесувања да се активира сигурносна проверка и да се следат чекорите на екранот.
Google на крај ќе предупреди за сите потенцијални проблеми и ќе го советува корисникот како да ги реши.
Предупредување за сомнителна активност
Корисниците би требало да активираат предупредување за сомнителна активност нс својата сметка. На тој начин Google ќе го предупреди корисникот ако на неговата Google или Gmail сметка некој се обиде да се пријави од нов компјутер или од непозната локација.
Пристап за трети страни
Додека сурфаат на Интернет на корисниците често им се нуди можност за оријава на некоја страница или услуга преку нивната Google сметка. Поради едноставноста на пријавата, корисниците тоа често го користат. Но заради нивна сигурност, од време на време, треба да ревидираат кој се има пристап на нивната сметка и да ги избришат тие кои веќе не треба да имаат.
Заштита од phishing
Gmail во себе има вградено бројни сигурносни можности. Некои од нив Google автоматски ги активира, додека другите треба да се активираат. Заштитата од phishinga Gmail автоматски ја активира, а кога некоја порака е сомнителна, тоа посебно ќе биде истакнато и ќе го предупреди корисникот. Затоа треба да се посвети внимание на таквите предупредувања и да се реагира навреме.
Дури и ако мислите дека ги имате вклучено сите безбедносни подесувања, добро е од време на време да ги проверите. Google постојано воведува нови опции и можности, а тие може да влијаат на вашите постоечки подесувања. Затоа одвојте налку време и погрижете се вашата Google и Gmail сметка да биде безбедна.