ВЕРО ја започна кампањата „100 производи со замрзнати цени“, со која што цените на стотина основни производи ќе останат непроменети во следните шест месеци.
Оваа иницијатива има за цел да обезбеди директна поддршка за буџетот на домаќинствата, овозможувајќи им на граѓаните сигурен пристап до најнеопходните артикли, независно од пазарните флуктуации.
Производите опфатени со оваа акција се прехранбени производи, средства за домаќинство и производи за лична хигиена. Производите се јасно означени на специјални полици во маркетите, а комплетната листа е достапна на брошурите и онлајн каналите на ВЕРО.
Оваа кампања е продолжение на иницијативата „Новогодишна кошница“, со која ВЕРО уште за време на празниците донесе одлука да не ги покачува цените на одредени производи, покажувајќи високо ниво на општествена одговорност. Сега, покрај замрзнатите цени на 100 производи за следните шест месеци, купувачите и понатаму можат да ги купуваат производите од „Новогодишна кошница“ по намалени цени.
Иницијативата „100 производи со замрзнати цени“ е реализирана во соработка со Министерството за економија, како дел од заедничките напори за стабилизирање на животните трошоци.