Cashback до 12% и намалена камата со НЛБ happy картичката

НЛБ Банка воведе промотивна понуда за револвинг кредитната картичка – НЛБ „haPPy“, која овозможува загарантиран поврат на средства при секоја безготовинска трансакција.  До 31 јули оваа година, банката ја намалува каматната стапка на 8,9% за трансакциите направени со оваа картичка.

НЛБ „haPPy“ картичката е кобрендирана револвинг кредитна картичка од „Mastercard“ со меѓународна важност, дизајнирана да нуди поволности за секојдневни купувања. Со секоја трансакција направена на продажни места, клиентите добиваат поврат на средства (cashback) до 12% во рамките на партнерската мрежа на НЛБ Банка и Неп Лојалити, која опфаќа над 250 трговци и 1.000 продажни локации во повеќе од 25 различни дејности.

Дополнително, за сите трансакции надвор од партнерската мрежа, клиентите добиваат загарантиран „cashback“ од 0,6% за прометот реализиран во земјата и странство.

Програмата за лојалност обединува водечки трговски брендови во Македонија, нудејќи им на клиентите практично решение за секојдневно купување. Минималниот месечен износ за отплата на картичката изнесува 5% од вкупните доспеани обврски, а НЛБ Банка овозможува и бескаматен грејс период до 45 дена.

За повеќе информации, заинтересираните клиенти можат да посетат www.happycard.mk или да аплицираат во експозитурите на НЛБ Банка низ државата, како и во продажните салони на Нептун Македонија.