Проверете си го меилот – имате непријатно изненадување од Wizz air

Доколку имате Wizz discount club картичка сигурно веќе сте добиле известување по e-mail или на вашиот профил во апликацијата со информација што нема да ве израдува. Wizz air ја зголеми цената на картичката за попуст за 10 евра.

Оваа промена важи и за постоечките членови, кои сега треба да доплатат 10 евра за да ги задржат бенефициите до истекот на нивното тековно членство. Во спротивно, Wizz Air ќе им врати дел од средствата пропорционално на преостанатиот период на важност на членството.

Детали за WIZZ Discount Club

WIZZ Discount Club нуди различни нивоа на членство:

Standard: Годишна такса од 39,99 евра, со попусти на билети и багаж за членот и еден придружник.

Standard Plus: Годишна такса од 69,99 евра, со попусти за членот и до 5 придружници.

Premium: Годишна такса од 349,99 евра, вклучувајќи приоритетно качување, премиум избор на седишта и дополнителен простор за нозе за до двајца патници.

Premium Plus: Годишна такса од 399,99 евра, со истите бенефиции како Premium, но за групи до 6 лица.    

Сите членства се валидни 12 месеци од датумот на купување и не се рефундираат при прекинување. Членовите можат да ги користат попустите само ако се вклучени во истата резервација со придружниците.

Како да ги искористите попустите

Попустите на билети (минимум 10 евра за цени над 19,99 евра) и на онлајн купен багаж (5 евра) се применуваат само ако членот на клубот е дел од резервацијата. Попустите не важат за резервации направени пред купувањето на членството.

За повеќе информации и за пресметка на потенцијалните заштеди, посетете ја официјалната страница на Wizz Air