Јуни или јули – кога е подобро време за летен одмор?

Секоја година ова прашање си го поставуваат илјадници патници што планираат летен одмор на море. Дали јуни или јули е подобар месец за одмор зависи од повеќе фактори – цените, временските услови, гужвите на граница…

За полесно да ја решите дилемата, да ви направивме споредба меѓу јуни и јули за четири популарни медитерански дестинации: Грција, Сицилија, Коста Брава и Португалија.

Во Грција, јуни нуди совршен баланс меѓу топлото време и помалата гужва. Еднонеделен одмор за две лица во јуни (сместување во апартман или хотел 3*) чини околу €850–€950, додека во јули истата понуда скока на €1.200–€1.400.

Во јули, освен што се плаќа повеќе, треба да се подготвите и за повисоки температури и поголеми гужви, особено на островите како Санторини и Крит.

На Сицилија, јуни е уште попријатен – топло, но не неподносливо, а со помалку туристи. Неделна понуда за две лица чини околу €900–€1.000, додека во јули може да достигне €1.300–€1.500. Сместувањето е поскапо дури и во внатрешноста, а на плажите – скоро сè се резервира однапред. Во јуни, авионските билети кон Катанија или Палермо можат да се најдат за €120–€180, додека во јули често одат над €250 по лице.

На Коста Брава, особено ако патувате преку Барселона, цените во јуни се многу поповолни – за околу €950 за цел пакет, додека во јули тие лесно надминуваат €1.400, особено ако се оди во популарни места како Ллорет де Мар. Авионските билети за Барселона во јуни може да се најдат за околу €100–€150, додека во јули се движат до €220–€300 по лице. Сместувањето исто така е поскапо за 20–30%.

Во Португалија, цените во јуни се најприфатливи за оние што сакаат убава природа, плажи и култура. Одмор од една недела за две лица може да ве чини околу €1.000–€1.100 во јуни, додека во јули веќе се искачува на €1.400–€1.600, особено во Алгарве. Авионските билети за Лисабон или Фаро во јуни можат да бидат €130–€180, но во јули одат и над €250–€300.

Кога ќе ги ставиме бројките на вага, станува јасно дека јуни е генерално поевтин и покомфорен избор за летен одмор. Не само што ќе заштедите меѓу €300 и €500 за двајца, туку ќе уживате во посмирена атмосфера, пократки редици, поголем избор на сместување и попријатни температури. Ако не сте врзани со школски распусти или строг годишен распоред – јуни е вистинскиот месец за одмор кој нуди повеќе за помалку.