Жените може да стекнат ИТ вештини за само 25 евра

Дигиталните вештини се клучни за кариерен развој и ефикасно секојдневие, а жените во Македонија имаат можност за сертифицирана ИТ обука преку проектот #WomenGoingDigital.

GIZ заедно со AHK Nordmazedonien (Македонско-германското стопанско здружение) го реализира овој проект во повеќе држави, меѓу кои е и Македонија со цел изградба на инклузивна економија и општество подготвено за иднината.

Преку 16 интерактивни модули, жените претприемачи, вработени и баратели на работа стекнуваат клучни дигитални вештини во вештачка интелигенција, автоматизација, блокчејн, сајбер безбедност и претприемништво. Оваа обука не само што отвора нови можности за жените, туку и поттикнува иновации и го намалува недостигот на дигитални вештини на пазарот на труд.

Жени во дигиталниот свет“ е иновативна и сертифицирана онлајн програма за обука, наменета за унапредување на знаењата и вештините на жените во областа на дигиталната трансформација.

Програмата нуди сеопфатен курс составен од 16 модули, достапен на македонски и албански јазик, кој вклучува разни образовни ресурси како видеа, подкасти и дигитални списанија.

Наменета е за жени кои работат во администрацијата, производството и земјоделскиот сектор во Северна Македонија, Косово и Албанија.

Цената за учество изнесува 25 евра по лице и ќе биде фактурирана по регистрацијата.

Доколку учествувате преку компанија или по посебен договор, ве молиме наведете го тоа во соодветното поле подолу.

Над 70 жени веќе ја завршија обуката и добија сертификати!