Во услови на големи турбуленции на берзите оваа година поради царините на Трамп, најголем принос до 14 јули успеаја да остварат инвестициските фондови на КБ Инвест.
Фондот КБ Инвест Златен има принос од 35,2%, со што убедливо е најуспешен фонд досега. КБ Инвест Акции е со принос од 9,71%, КБ Инвест Балансиран со 8,03%, додека КБ Инвест МБИ 10 е со 5,24%.
Во првиот квартал годинава, вредноста на фондовите управувани од КБ Инвест е порасната за 11%, што е најголем раст споредено со останатите друштва во земјава.
КБ Инвест e на прво место по нето вредност на управувани средства во износ од 147,6 милиони евра, како и со најголем пазарен удел од 36,5%, со пресечен датум на 30.06.2025 година.





