ПроКредит банка во најновата кампања понуди атрактивни каматни стапки за орочени депозити во евра и во денари. Орочениот депозит на ПроКредит Банка носи и дополнителни поволности за клиентите:
· Фиксна и загарантирана каматна стапка
· Орочување на 25 месеци – 1,8% за евра и 2,5% за денарски депозити
· Можност за орочување на заштедата директно преку е-банкарство
· Високо-професионална услуга и поддршка од Личен банкарски советник
„Една од нашите главни заложби како банка е промоција на културата на штедење, па затоа и преку нашите промотивни кампањи нудиме најдобри услови на пазарот кои очекуваме дека ќе ги мотивираат граѓаните да се одлучат да ги инвестираат своите средства во иднината. Но, тоа не го правиме само преку промоција на добри каматни стапки, туку и преку едукација. Tоа што е уникатно за нас на пазарот е што и покрај целосно дигитализираниот процес, ПроКредит нуди персонализирана услуга за секој клиент кој добива свој личен банкарски советник. Оваа услуга е целосно бесплатна и е достапна за секој клиент на банката кој има потреба од совет за инвестирање, штедење или кредитирање. На наше големо задоволство, клиентите навистина знаат да го препознаат квалитетот на нашата професионална услуга и имаме одличен фидбек од пазарот.” изјавија од ПроКредит банка.
ПроКредит е веќе одамна етаблирана како сигурна банка со високо-квалитетното кредитно портфолио, стабилната стапка на кредити во однос на депозити и високата ликвидност, што се клучен фактор при избор на банка каде штедачите ги инвестираат своите средства.
Повеќе информации за промотивните депозити може да најдете на веб страницата на ПроКредит Банка: https://www.pcb.mk/aplikacija-za-otvoranje-orocen-depozit.nspx