Visa travel нова кредитна картичка од Халкбанк

Халкбанк во својата палета на платежни картички ја додаде и Visa Travel. Се работи за кредитна платежна картичка наменета за сите клиенти кои се во редовен работен однос, приматели и неприматели на плата/пензија на кои им се одобрува кредитен лимит согласно нивната кредитоспособност, а кредитниот лимит изнесува до максимум 300.000 денари.
Оваа картичка e особено наменета за клиенти кои често патуваат или сакаат да патуваат низ Европа со автомобил.
Со Visa Travel корисникот добива бенефиции како Халк асистенција на пат од Халк осигурување АД Скопје, бесплатно патничко осигурување со покритие од 10 дена за првата година, како и 10% намалување на цените на сите полиси за доброволно осигурување преку Халк осигурување АД Скопје.

На корисникот му следува и пристап до Drive Angel – мобилна апликација која ги предупредува возачите на небезбедно возење, овозможува итни повици и повици во случај на несреќа.

Корисникот на Visa Travel може да ги ужива и поволностите како плаќање на рати без камата и собирање бонус поени кај одредени трговци и користење на истите при секојдневните пазарувања на ПОС терминалите на Халкбанк АД Скопје. Покрај тоа, ако со Visa Travel картичката се направи резервација на Booking.com преку линкот наведен на веб-страницата на Халкбанк, 60 дена по  успешно реализираниот престој,  4% од платениот износ ќе биде рефундиран на трансакциската сметка која е поврзана со картичката.