Маркетите на „Кит-Го“ одлучија да продолжат со истите цени како гарантираните цени на основните продукти до 15 мај.
„Ве известуваме дека ние како општествено одговорна компанија продолжуваме со истите цени како гарантираните цени на основните продукти и покрај тоа што добивме нови ценовници од некои добавувачи. Оваа наша одлука ќе важи до 15.05.2024 или до донесување на новиот закон за не фер трговски практики“, велат од „Кит-Го“.
Оваа одлука за задржување на ганатираните цени на основните производи е за сите нивни потрошувачи во Македонија и важи во сите продажни објекти на „Супер Кит-Го“ и „Кит-Го“ маркетите.